Ѓоковиќ ја сочува шампионската позиција, додека Осака се искачи на врвот

Покрај победата што ја извојува Ѓоковиќ над Надал од 3-0, Надал го сочува второто место на табелата

Ѓоковиќ ја сочува шампионската позиција, додека Осака се искачи на врвот

По објавувањето на светскиот пласман на првиот гренд слем Отвореното тениско првенство на Австралија, Србинот Новак Ѓоковиќ ја сочува својата шампионска позиција на врвот во машката категорија, додека јапонската тенисерка Наоми Осака се искачи на првото место.

Со седмата шампионска титула на Отворено тениско првенство на Австралија Ѓоковиќ го собори рекордот на најмногу освоени шампионски титули на ова првенство. Според светскиот пласман кој беше објавен од страна на Асоцијацијата на тениски професионалци мажи (АТП), Ѓоковиќ со 10 955 поени го сочува првото место.

Покрај победата што ја извојува Ѓоковиќ над Надал од 3-0, Надал го сочува второто место на табелата. Додека Роџер Федерер кој на првенството дојде со цел да ја сочува титулата, во 4-от круг беше елиминиран и од 3-то се спушти на 6-то место.

Александер Зверев се искачи на трето место, Хуан мартин дел Петро на 4-то, Кевин Андерсон на 5-то место.

Јапонката Наоми Осака кој по освојувањето на шампионската титула на Отвореното првенството во САД, ја освои и шампионската титула на Отвореното тениско првенство на Австралија, освен тоа што го привлече вниманието на светот, според Асоцијацијата на тениски професионалци жени, со 7300 поени се искачи на првото место. 21 годишната јапонска спортистка Осака искачувајќи се на првото место истовремено стана прва азиска тенисерка која се искачи на првото место.

Петра Квитова кој по период од пет години го одигра првиот гранд слим финален натпревар, од четврто се искачи на второ место.

Симона Халеп која Отвореното тениско првенство на Австралија дојде како рекет број 1, по елиминирањето во 4-от круг се спушти на 3 место.



Слични вести