Уште една победа од Фенербахче Беко во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Фенербахче Беко во 19'сетото коло од натпреварите го порази шпански Гран Канарија со резултат од 82:64

Уште една победа од Фенербахче Беко во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Продолжува воодушевувањето во кошаркарската сезона во Евролигата Туркиш Ерлајнс.

Турскиот претставник Фенербахче Беко, во 19'сетото коло од натпреварите синоќа играше против шпански Гран Канарија.

Жолто-лилјаковите кошаркари натпреварот го започнаа со влијателна игра со што првата четвртина заврши со рерзултат од 24:19, а втората четвртина со 44:32.

Во второто полувреме, т.ј. третата четвртина домаќинската екипа Гран Канарија играше подобро и на крајот на третата четвртина успеа да ја намали разликата до 5 коша.

Во последната, четврта четвртина пак Фенербахче Беко повторно ја презеде контролата во свои раце.

Жолто-лилјаковите кошаркари изведоа прецизни шутеви и го поразија својот противник шпански Гран Канарија со резултат од 82:64.

Со овој разултат Фенербахче Беко во 19'сетото коло од натпреварите во Евролигата Туркиш Ерлајнс ја извојува и својата 17'та победа. 

 



Слични вести