Фенербахче извојува лесна победа против Жалгирис Каунас со 78:61

Фенербахче Беко кој води на табелата на Евролигата Туркиш Ерлајнс, на синоќешниот натпревар во 18'сетото коло извојува лесна победа против литвански Жалгирис Каунас со резултат од 78:61

FOTO_17353904_100120192321410000_R_SPO_20190110000000_aa-picture-20190110-17353904.jpg
FOTO_17353912_100120192321410000_R_SPO_20190110000000_aa-picture-20190110-17353912.jpg
FOTO_17353577_100120192222170000_R_SPO_20190110000000_aa-picture-20190110-17353577.jpg
FOTO_17353576_100120192222170000_R_SPO_20190110000000_aa-picture-20190110-17353576.jpg

Продолжува воодушевувањето во кошаркарската Евролига Туркиш Ерлајнс.

Фенербахче Беко кој води на табелата на синоќешниот натпревар во 18'сетото коло на натпреварите го пречека литвански Жалгирис Каунас.

Првата четвртина од натпреварот кој што жолто-лилјаковите кошаркари го започнаа со извонредна игра заврши со резултат од 19:11 коша.

Фенербахче Беко својата ефикасна и добра игра ја продолжи и во втората четвртина во која постигна 24 коша, а неговиот противник Жалгирис Каунас остана на 18 коша, со што и оваа четвртина заврши со предност од 43:29.

Второто полувреме, односно третата четвртина започна со релативно пониско темпо.

Во оваа четвртина се водеше речиси изедначена борба и Фенербахче Беко не му дозволи на својот противник да ја стопи разликата.

Последната четвртина, односно последните 10 минути од натпреварот започнаа со водство на Фенербахче Беко со 57:44.

Натпреварот заврши со победа на Фенербахче Беко со резултат од 78:61.

Со овој резултат Фенербахче Беко на крајот од 18'сетото коло од натпреварите ја извојува својата 16'та победа и ја зачува лидерската позиција на табелата на Евролигата Туркиш Ерлајнс.

Кошаркари кои постигнаа двоцифрени поени на натпреварот кај жолто-лилјаковата екипа беа Јан Весели, капетанот Мелих Махмутоглу и Костас Слукас.



Слични вести