Фенербахче изгуби од руски Кимки во гости, но продолжува да води на табелата

Турскиот претставник во Евролигата Туркиш Ерлајнс Фенербахче синоќа загуби во гости од руски Кимки со резлтат од 84:78, но и покрај овој пораз ја зачува лидерската позиција на табелата

Фенербахче изгуби од руски Кимки во гости, но продолжува да води на табелата

Во Евролигата Туркиш Ерлајнс владее воодушевување во 17'сетото коло од натпреварите.

Турскиот претставник Фенербахче кој ја продолжува лидерската позиција на табелата синоќа му гостуваше на руски Кимки.

Првата четвртина од натпреварот заврши со резултат од 23:13 за жолто-лилјаковите кошаркари на Фенербахче.

Во втората четвртина, домашната екипа долови серија од 11 коша, со што ја намали разликата, но сепак и оваа четвртина зашрви со водство на шжолто-лилјаковите кошаркари со 41:38.

Во третата четвртина домашната руска екипа Кимки ја презеде надвлста во свои раце и премина во водство од 57:54.

Во четвртата и последна четвртина се водеше голема борба помеѓу двете екипи и на само 1,4 секунди до крајот на мечот кошаркарот на Фенербахче Николо Мели од два добиени слободни фрлења беше прецизен во едно фрлање со што нормалното време од натпреварот заврши со нерешен резултат од 72:72.

Потоа се одеше на продолжетоци кои што домашната руска екипа Кимки постигна серија од 4 коша, а Фенербахче не успеа да постигне ниту еден кош.

Точка на прекршување беше моментот кога кошаркарот на Фенербахче Јан Весели со пет лични грешки излезе од игра, со што изгуби значајни топки.

На тој начин домашната руска екипа Кимки го доби натпреварот со резултат од 84:78.

Со овој доживеан пораз заврши и непобедливоста на Фенербахче од 12 по ред натпревари. 

Јан Весели со постигнатиот 12'сети поен на натпреварот се стекна со титула 30'сети кошаркар кој има постигнато досега повеќе од 2 илјади поени во Евролигата.

Во Фенербахче најдобар беше Мелих Махмутоглу со постигнати 18 поени и 4 скока, а кај домашната руска екипа Кимки Стефан Марковиќ играше со 13 поени и 6 скока со што одигра значајна улога во извојуваната победа.

 



Слични вести