Серена Вилијамс се подготвува да му се врати на тенисот.

37 годишната тенисерка од септември наваму кога се одржа Отворено првенство на Америка во тенис, не учествуваше на ниту еден друг турнир

Серена Вилијамс се подготвува да му се врати на тенисот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на организацијата на Отвореното првенство на Австралија во тенис преку официјалната веб страница најави дека на првиот гранд слам турнир на сезоната ќе учествува и американската тенисерка Серена Вилијамс.

37 годишната тенисерка од септември наваму кога се одржа Отворено првенство на Америка во тенис, не учествуваше на ниту еден друг турнир.

Поранешниот рекет број еден на светот Вилијамс која претходно седумпати го освои купот на Отворено првенство на Австралија, во случај да се искачи до купот, тоа ќе биде 34 гранд слам победа и ќе ја достигне поранешната австралиска тенисерка Маргарет Курт која се наоѓа на врвната позиција.

Од друга страна пак, британскиот тенисер Енди Мареј кој подолг временски период поради повреда на колкот не миожеше да излезе на тенисите игралишта, сезоната ќе ја започне со турнирот во Бризбејн.

Поранешниот рекет број еден првиот гранд слам турнир на сезоната ќе го започне на Отвореното првенство во Австралија кое ќе започне на 14 јануари и ќе заврши на 27 јануари.



Слични вести