Еве ги противниците на Турција за ЕВРО 2020: Франција, Исланд, Албанија, Молдавија и Андора

Турција за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕВРО 2020) ќе игра во Групата „Х“ против репрезентациите на Франција, Исланд, Албанија, Молдавија и Андора

Еве ги противниците на Турција за ЕВРО 2020: Франција, Исланд, Албанија, Молдавија и Андора

Турската фудбалска репрезентација за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕВРО 2020) ќе игра во Групата „Х“ против репрезентациите на Франција, Исланд, Албанија, Молдавија и Андора.

Во главниот град на Ирска Даблин се одржа извлекувањето на групите за квалификациите за Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2020 година (ЕВРО 2020).

Турција на извлекувањето учествуваше од третиот шешир (барабан) и според извлечените ждребки за пласирање на првенството кое што за прв пат ќе се одржи во градови на 12 европски земји во Групата „Х“ ќе се натпреварува со Франција, Исланд, Албанија, Молдавија и Андора.

На квалификациите ќе се натпреваруваат вкупно 55 репрезентации кои ќе учествуваат во 10 одделни групи. Во првите пет групи ќе има по 5 репрезентации, а во останатите 5 групи по 6 репрезентации.

Репрезентациите кои ќе се пласираат на првите две места во своите квалификациски групи ќе се стекнат со право за директно учество на ЕВРО 2020. Репрезентациите на последните четири места пак ќе бидат определени по одиграните плеј-оф натпревари во Лигата на нациите на УЕФА.

Извлекувањето на двојките за 16-тото Европско фудбалско првенство од 12 јуни до 12 јули 2020 година, ќе се одржи на 1 декември 2019 година.

На финалните натпревари на првенството на кое ќе учествуваат вкупно 24 земји кои ќе бидат поделени во 6 групи.

Еве ги извлечените квалификациски групи за ЕВРО 2020:

Група А: Англија, Чешка Република, Бугарија, Црна Гора и Косово

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија и Луксембург

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија и Белорусија

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија и Гибралтар

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија и Азербејџан

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови и Малта

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија и Латвија

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија и Андора

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан и Сан Марино

Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија и Лихтенштајн

 

Датуми на натпреварите во квалификациските групи:

Првите натпревари: 21-23 Март 2019 година

Вторите натпревари: 24-26 Март 2019 година

Третите натпревари: 7-8 Јуни 2019 година

Четвртите натпревари: 10-11 Јуни 2019 година

Петтите натпревари: 5-7 Септември 2019 година

Шестите натпревари: 8-10 Септември 2019 година

Седмите натпревари: 10-12 Октомври 2019 година

Осмите натпревари: 13-15 Октомври 2019 година

Деветите натпревари: 14-16 Ноември 2019 година

Десетите натпревари: 17-19 Ноември 2019 година

 

Датуми на плеј-оф натпреварите во Лигата на нациите на УЕФА:

Датум на излекување на ждребките: 22 Ноември 2019 година

Полуфинални плеј-оф натпревари: 26-28 Март 2020

Финални плеј-оф натпревари: 29-31 Март 2020

 



Слични вести