Фенербахче ја порази Барселона Ласса во гости со 84:65

Фенербахче во десетата недела од натпреварите во Лигата на Европа Туркиш Ерлајнс Фенербахче ја победи во гости Барселона Ласса со убедлив резултат од 84:65 коша

Фенербахче ја порази Барселона Ласса во гости со 84:65

Во десетата недела од натпреварите во Евролигата Туркиш Ерлајнс турскиот претставник Фенербахче ја победи шпанската екипа Барселона Ласса со резултат од 84:65 и со предност во бројот на постигнатите коша се искачи на лидерската позиција на табелата.

Жолто-лилјаковите кошаркари на крајот на првата четвртина од натпреварот што се одигра во салата Блаугранда во Барселона преминаа во водство од 23:17, а втората четвртина ја завршија со предност од 45:36.

Третата четвртина заврши со 64:47.

Во последната четврта четвртина Фенербахче одговори на обидите на домаќинската екипа Барселона да ја намали разликата и натпреварот заврши со 84:65.

Со оваа победа Фенербахче ја извојува деветата победа во Евролигата Туркиш Ерлајнс и со предност во бројот на постигнатите коша пред руската екипа ЦСКА Москва, се искачи на лидерската позиција на табелата.

Шпанската екипа Барселона Ласса пак го доживеа четвртиот пораз.

 



Слични вести