Турција извојува значајна победа над Шпанија со резултат од 71:67

Турција на синоќешниот одигран натпревар во групата „И“ за квалификациите за Светскиот куп во кошарка 2019 ја победи Шпанија со резултат од 71:67

Турција извојува значајна победа над Шпанија со резултат од 71:67

Турската машка кошаркарска репрезентација  во синоќешниот натпревар во групата „И“ за квалификациите за Светскиот куп 2019 ја победи Шпанија со резултат од 71:67.

На натпреварот што се одигра во Спортската сала Анкара во главниот град првата четвртина заврши со нерешен резултат од 15:15 коша.

Турските кошаркари во втората четвртина со играчите кои влегоа во игра од резервната клупата играа подобро и на крајот на оваа четвртина заминаа на пауза со предност од 36:34.

Со поддршката и на големиот број навивачи кои ја исполнија спортската сала турската кошаркарска репрезентација ја презеде контролата во свои раце.

Во последните 10 минути Турција беше во предност од 56:48 коша.

„12'те џинови“ во последната четврта четвртина ги спречија своите шпански противници да да ја намалат разликата и да преминат во предност.

Последните неколку минути од натпреварот беа крајно возбудливи и на крајот Турција извојува победа над Шпанија со резултат од 71:67.

На тој начин Турција ја извојува својата седма победа од вкупно одиграните 9 натпревари од квалификациите и го презеде водството во групата „И“, од Шпанија.

Кај турската кошаркарска репрезентација Семих Ердем прикажа извонредна игра со постигнати 16 коша и 14 скока со што одигра голема улога во извојуваната победа. 

„12'те џинови“ во недела во 21:00 часот според турско време ќе играат против Црна Гора во Подгорица. 

 



Слични вести