Турција поразена во Русија

Головите за Русија на натпреварот што се одигра на олимпискиот стадион Фишт во Сочи ги постигнаа Нојштадтер во 20-та и Черишев во 78-та минута

Турција поразена во Русија

Турските фудбалски репрезентативци од натпреварот во рамките на Националната лига на УЕФА со Русија се вратија со празни раце.

Турските репрезентативци на третиот натпревар во 2-та група на Б лигата во гости беа поразени со резултат од 2-0.

Головите за Русија на натпреварот што се одигра на олимпискиот стадион Фишт во Сочи ги постигнаа Нојштадтер во 20-та и Черишев во 78-та минута.

Русија со овој резултат поените ги зголеми на 7 и ја сочува лидерската позиција во групата, додека Турција со 3 поени се најде на второ место.

Турските репрезентативци ја изгубија надежта за лидер на групата а исто така ја изгубија и шансата да се пласираат во А лигата.



Слични вести