Турција на првиот ден на ЕП во џудо јуниори во Софија освои 4 медали

Турција на првиот ден на Европското првенство во џудо јуниори во Софија-Бугарија освои 4 медали, од кои еден сребрен и три бронзени

Турција на првиот ден на ЕП во џудо јуниори во Софија освои 4 медали

На првиот ден на Европското првенство во џудо јуниори кое се одржува во главниот град на Бугарија Софија Турција освои 4 медали, од кои еден сребрен и три бронзени.

На првенството за јуниори во категоријата до 48 килограми жени Тугче Бедер освои сребрен медал, а Гамзе Сајма во категоријата до 44 килограми освои бронзен медал.

Кај мажите Огурзхан Озишик во категоријата до 55 килограми и Михрач Аккуш во категоријата до 60 килограми пак освоија бронзени медали.

На вториот ден на првенството кое се одржува во Спортската сала Asics Арена во Софија кај жените на татами за освојување медал ќе излезат Букет Мерџан (57 килограми) и Семанур Ердоган (70 килограми), а кај мажите Халил Чимен (73 килограми) и Мустафа Коч (81 килограм).



Слични вести