Турција во гости ја победи Шведска со резултат од 3-2

Успешно враќање на турските репрезентативци на фудбалската сцена

2018-09-10T192607Z_997294694_RC1509217C40_RTRMADP_3_SOCCER-UEFA-NATIONS-SWE-TUR.JPG
2018-09-10T194127Z_500235453_RC1F7E2316A0_RTRMADP_3_SOCCER-UEFA-NATIONS-SWE-TUR.JPG
2018-09-10T202611Z_220541749_RC1C8D552000_RTRMADP_3_SOCCER-UEFA-NATIONS-SWE-TUR.JPG
2018-09-10T202649Z_1117011098_RC14F018B9B0_RTRMADP_3_SOCCER-UEFA-NATIONS-SWE-TUR (1).JPG
2018-09-10T212006Z_312029610_RC15216B9C80_RTRMADP_3_SOCCER-UEFA-NATIONS-SWE-TUR.JPG

Во рамките на елиминационите натпревари во 2-та група на националната Б лига на УЕФА, турската фудбалска репрезентација на стадионот Френдс Арена во гости играше против репрезентацијата на Шведска.

Турските репрезентативци покрај тоа што губеа со резултат од 2-0, со головите на Хакан Чалханоглу и Емре Акбаба (2) успеаја да извојуваат победа од 3-2.

Ударот со глава на Тхелин во 34-та минута од натпреварот со успешната интервенција на голманот Синан Болат се врати од статива.

Фудбалската топка која што се врати од стативата Тхелин не ја прости и го постигна првиот гол за Шведска.

Шведска второто полувреме го започна со многу подобар перформанс.

Клаесон во 49-та минута од 30 метри шутираше силно и го постигна вториот гол за Шведска.

Само 2 минути по овој гол на Шведска, турскиот репрезентативец Мехмет Топал на Хакан Чалхаолгу му испрати убава можност на Хакан чалханоглу кој постигна многу елегантен гол и резултатот стана 2-1.

Во 88-та минута Турција со голот на Емре Акбаба постигна изедначување.

Додека сите очекуваа натпреварот да заврши нерешено, Емре во 90+2 постигна уште еден гол.

Голот на Емре со глава допринесе  турската фудбалска репрезентација да извојува победа од 3-2.



Слични вести