Втор противник на Турција во Лигата на нациите на УЕФА вечерва ќе биде Шведска

Натпреварот Турција-Шведска ќе се одигра во градот Солна, ќе започне во 21:45 часот според турско време, а ќе го води шпанскиот судија Хесус Хил Манзано

Втор противник на Турција во Лигата на нациите на УЕФА вечерва ќе биде Шведска

Турција вечерва на вториот натпревар во Лигата „Б“ во Втората група на Лигата на нациите на УЕФА ќе и гостува на Шведска.

Натпреварот ќе се одигра во градот Солна и ќе започне во 21:45 часот според турско време.

Мечот ќе го води шпанскиот судија Хесус Хил Манзано.

На натпреварот со Шведска нема да играат Сердар Азиз кој беше повреден на првиот одигран натпревар со Русија на кој Турција беше поразена на домашен терен со со 2:1 и Омер Бајрам.

Домаќинот Шведска пак ќе излезе на терен без своите двајца повредени репрезентативци Емил Форсберг и Мартин Олсон.



Слични вести