Определени новите полуфиналисти на тениското првенство Американ Опен

от рекет на светот Новак Ѓоковиќ на четвртфиналниот натпревар против Австралијанецот Џон Милијам извојува лесна победа

2018-09-05T220840Z_145577555_NOCID_RTRMADP_3_TENNIS-US-OPEN (1).JPG
2018-09-05T221634Z_1954416991_NOCID_RTRMADP_3_TENNIS-US-OPEN.JPG
2018-09-05T172839Z_1604888940_NOCID_RTRMADP_3_TENNIS-US-OPEN.JPG
2018-09-05T233301Z_1267704654_NOCID_RTRMADP_3_TENNIS-US-OPEN.JPG
2018-09-06T000540Z_1348035148_NOCID_RTRMADP_3_TENNIS-US-OPEN.JPG

Определени последните полуфиналисти на тениското првенство Американ Опен кое се одржува од 1881 година наваму.

6-от рекет на светот Новак Ѓоковиќ на четвртфиналниот натпревар против Австралијанецот Џон Милијам извојува лесна победа.

На натпреварот што се одржа на многу висока температура, српскиот рекет извојува победа во сетови од 6-3 и 6-4.

Ѓоковиќ кој во јули го освои купот на Вимблдоб, со оваа победа се приближи чекор поблизу до 14-от Гренд слам.

Натпреварот меѓу 21-от рекет Кеи Нишикори и хрватскиот тенисер Мартин Џилиќ траеше 4 часа 59 минути.

Овој натпревар беше регистриран како петти најдолг натпревар во историјата на машките тенисери на Американ Опен.

На натпреварот кој беше сцена на тешка борба, јапонскиот рекет Нишикори го совлада противникот во сетови и тоа со резултат од 3-2 и се пласираше во полуфиналето и стана противник на Новак Ѓоковиќ.



Слични вести