Од утре стартува новото фудбалско натпреварување Лигата на нациите на УЕФА

Од утре стартува новото фудбалско натпреварување Лигата на нациите на УЕФА од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕУРО 2020)

Од утре стартува новото фудбалско натпреварување Лигата на нациите на УЕФА

Новото фудбалско натпреварување на УЕФА на ниво на репрезентации Лигата на нациите стартува со натпреварите од првата недела кои ќе се одиграт од 6 до 8 септември 2018.

Овој турнир има за цел да ги доведе до поинтересна и повоодушевувачка состојба подготвителните натпревари на репрезентациите, како и да овозможи учество на Европското првенство и на оние репрезентации кои не можат да ги поминат квалификациите.

Квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕУРО 2020) ќе продолжат да се одигруваат во 10 групи и оние репрезентации кои ќе се пласираат на првите два места во групите ќе се стекнат со право на учество на финалните натпревари на првенството.

Последните четири репрезентации пак кои ќе се изборат за учество на финалните натпревари на ЕУРО 2020 на кои ќе учествуваат 24 земји ќе излезат од Лигата на нациите на УЕФА.

Ова натпреварување ќе претставува втора шанса за репрезентациите кои не ќе можат да ги поминат квалификациите за учество на ЕУРО 2020.

Во рамките на ова натпреварување, репрезентациите на 55 земји членки на УЕФА според поените на своите земји се поделени на 4 групи и тоа „А“, „Б“, „Ц“, „Д“.

Во групите „А“ и “Б“ учествуваат по 12 репрезентации, во групата „Ц“ 15, а во групата „Д“ 16 репрезентации.

На тој начин се има за цел да се натпреваруваат меѓусебе репрезентациите со речиси изедначени сили и да се појават поконкурентни и по пријатни, повоодушевувачки натпревари.

По една репрезентација од овие 4 групи во Лигата на нациите на УЕФА ќе добијат билет за учество на Европското фудбалско првенство.

Благодарение на ова ново фудбалско натпреварување една репрезентација и од групата „Д“ во која се наоѓаат земји со најмалку поени како што се Малта, Казахстан и Гирбалтар ќе се стекне со право на учество на Европското фудбалско првенство.

Тоа пак ќе овозможи љубителите на фудбалот на првенството да гледаат различни фудбалски репрезентации.



Слични вести