Лука Модриќ првпат во кариерата избран за најдобар фудбалер на Европа

За најдобар одбранбен играч Серџио Рамос од Реал Мадрид

Лука Модриќ првпат во кариерата избран за најдобар фудбалер на Европа

Наградата за најдобар фудбалер на Европа на УЕФА за сезоната 2017-2018 ја доби хрватскиот фудбалер на Реал Мадрид Лука Модриќ.

По извлекувањето на ждрепките за групите на Европската лига на УЕФА на Форумот Грималди во Монако, беше доделена наградата за најдобар фудбалер на сезоната за која кандидати беа хрватскиот фудбалер Лука Модриќ од Реал Мадрид и египетскиот фудбалер Мохамед Салах кој игра во Ливерпул.

На крајот на гласањето на кое учествуваа новинари од 55 земји членки на УЕФА и 80 селектори на екипите на УЕФА Лигата на шампионите и Европската лига на УЕФА, Модриќ освои најмногу гласови и беше избран за најдобар фудбалер на Европа во сезоната 2017-2018.

Од 2012 година наваму кога почна да игра за Реал Мадрид, 32 годишниот Модриќ 4 пати ја славеше шампионската титула во ЕУФА Лигата на шампионите, еднаш шампионската титула во лигата. На Светското фудбалско првенство 2018 на ФИФА во Русија, Модриќ одигра значајна улога во играњето на Хрватска во финалето.

Од друга страна пак, за најдобар голман на фудбалската сезона 2017-2018 на УЕФА лигата на шампионите беше избран Кејлор Навас, голманот на Реал Мадрид, за најдобар одбранбен играч Серџио Рамос од Реал Мадрид, најдобар играч од средниот ред Лука Модриќ и најдобар центарфор Кристијано Роналдо.



Слични вести