Извлечени ждрепките на „И“ групата на Европска лига на УЕФА

Бешикташ во „И“ групата ќе игра против белгиската екипа Генк, шведската екипа Малме и норвешката екипа Сарпсборг.

Извлечени ждрепките на „И“ групата на Европска лига на УЕФА

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ во „И“ групата на Европската лига на УЕФА ќе игра елиминациони натпревари против белгиската екипа Генк, шведската екипа Малме и норвешката екипа Сарпсборг.

Генк е една од екипите која привлекува најмногу внимание во последно време во фудбалот на Белгија. Селектор на екипата на Генк која натпреварите ги игра на стадион од 25 илјади гледачи и трипати ја освои шампионската титула на Белгија е 44 годишниот Филип Клемент.

Бешикташ со шведскиот претставник Малме трипати играше во Европските купови.

Црно-белите претходно двапати беа избрани во иста група со шведската екипа, од вкупно четири одиграни натпревари досега, Бешикташ има постигнато една победа, еден натпревар заврши нерешено, а доживеа два порази.

Сино-белата екипа во 1-та лига на Шведска има освоено 22 шампионски титули и натпреварите ги игра на стадионот Сведбанк пред публика од 24 илјади гледачи.

Селектор на екипата на Малме која минатата сезона ја освои шампионската титула е германскиот тренер Уве Рослер.

Норвешката екипа Сарпсборг која го помина 4-от круг на елиминациони натпревари на Европска лига на УЕФА исто така се наоѓа в групата на Бешикташ.

Сарпсборг мината сезона ја заврши на трето место, додека оваа сезона во 20 коло со 32 поени се наоѓа на 6-то место.

Селектор на Сапрсборг е 48 годишниот Норвежанец Геир Баке.

Норвешката екипа натпреварите ги игра на стадионот Сарпсборг со капацитет од 6 800 гледачи.



Слични вести