Бешикташ вечерва игра на реванш натпреварот против Партизан

Натпреварот ќе се одигра на стадинот Водафон парк во Истанбул, ќе започне во 21:00 часот, а ќе го води романскиот судија Овидиу Хатеган

Бешикташ вечерва игра на реванш натпреварот против Партизан

Турскиот фудбалски претставник Бешикташ на реванш натпреварот од плеј-оф колото во УЕФА Лигата на Европа вечерва ќе го пречека српски Партизан.

Натпреварот ќе се одигра на стадинот Водафон парк во Истанбул, ќе започне во 21:00 часот, а ќе го води романскиот судија Овидиу Хатеган.

мечот ќе се емитува во живо на екраните на Спорт Смарт.

Првиот натпревар се одигра во Белград во Србија и заврши со неречен резултат од 1:1.

Бешикташ вечерва на реванш натпреварот бодрен и од своите навивачи на домашен терен ќе се обиде да извојува победа и да го декласира својот противник и да се избори за учество во групните натпревари на УЕФА Лигата на Европа.

Црно-белата екипа ќе успее да се пласира во наредното коло при секој вид на победа или со играње нерешено без голови 0:0.

Доколку натпреварот заврши нерешено 1:1 ќе се оди на продолжетоци во два дела од по 15 минути игра.

И доколку не се промени резултатот екипата која ќе го продолжи натпреварувањето во УЕФА Лигата на Европа ќе биде позната по изведување на пеналите.

Шпанскиот фудбалер на Бешикташ Алваро Негредо на кого му истече казната поради добиен црвен картон доколку му се даде можност од страна на техничкиот директор ќе може да игра на мечот.

Новиот трансфер на Бешикташ од англиски Ливерпул германскиот голман Лорис Кариус пак чие име не беше внесено во списокот доставен до УЕФА натпреварот ќе го следи од трибината.

 

 



Слични вести