Фудбалерот Ндиаје повторно во Галатасарај

Акционерското друштво Галатасарај Спртиф А.Ш. постигна договор со професионалниот фудбалер Папа Алиоуне Ндиаје

Фудбалерот Ндиаје повторно во Галатасарај

Фудбалскиот клуб Галатасарај соопшти дека го изнајми фудбалерот Бадоу Ндиаје со кого претходно водеше преговори за трансфер.

Во соопштението кое беше објавено од страна на управата на жолто-црвената екипа беше истакнато дека Акционерското друштво Галатасарај Спртиф А.Ш. постигна договор со професионалниот фудбалер Папа Алиоуне Ндиаје и дека за тоа ја извести Платформата за јавно објавување.

Во соопштението беше истакнато дека на фудбалскиот клуб Сток Сити ќе му се исплати износ од 750 илјади евра за изнајмување на фудбалерот, додека на фудбалерот 2 милиони 700 илјади евра за оваа сезона.



Слични вести