Турција на ЕП во атлетика 2018 освои вкупно 5 медали; 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени

Турција на Европското првенство во атлетика 2018 во Берлин освои вкупно 5 медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени со што се пласира на 13-сетото место според вкупниот број на освоени медали

Турција на ЕП во атлетика 2018 освои вкупно 5 медали; 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени

Турција на Европското првенство во атлетика кое се одржа во главниот град на германија Берлин и заврши вчера, освои вкупно 5 медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.

На тој начин Турција се најде на 13-сетото место според освоените медали на првенството.

Златниот медал Турција го освои со Рамил Гулијев во трката на 200 метри за мажи, сребрените медали на штафетната трка на 4х100 метри и на трката на 400 метри со пречки со Јасмани Копело Ескобар, ддоека бронзените медали ги освоија Џек Али Харвеј на трката на 100 метри за мажи и Јасемин Џан на трката на 5.000 метри за жени.

На Европското првенство во атлетика 2018 чиј домаќин беше германскиот главен град Берлин Велика Британија го освои првото место со вкупно освоени 18 медали од кои 7 златни, 5 сребрени и 6 бронзени.

Второто место го освои Полска со вкупно 12 медали од кои 7 златни, 4 сребрени и 1 бронзен, а на третото место е домаќинот Германија со вкупно освоени 19 медали од кои 6 златни, 7 сребрени и 6 бронзени медали. 

Инаку, Германија освои најголем број медали вкупно, меѓутоа поради тоа што успеа да освои помалку број златни медали се пласираше на третото место по Велика Британија и Полска.

 



Слични вести