Турскиот атлетичар Јасмани Копело Ескобар освои сребро на трката на 400 м со пречки на ЕП

Јасмани Копело Ескобар патеката од 400 метри со пречки на ЕП во атлетика во Берлин ја истрча за 47 секунди 81 стотинка и освои сребрен медал

Турскиот атлетичар Јасмани Копело Ескобар освои сребро на трката на 400 м со пречки на ЕП

Синоќа на третиот ден на Европското првенство во атлетика кое што се одржува во германскиот главен град Берлин турскиот атлетичар-репрезентативец Јасмани Копело Ескобар на трката на 400 метри со пречки за мажи го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Турскиот атлетичар Ескобар патеката од 400 метри со пречки ја истрча за 47 секунди 81 стотинка со што го подобри и својот претходен резултат од 47 секунди 92 стотинки.

На тој начин Јасмани Копело Ескобар го подобри и рекордот на Турција во оваа дисциплина.

Првото место на 400 метри со пречки го освои норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм со резултат од 47 секунди 64 стотинки кој се закити со златен медал, а среброто го освои ирскиот атлетичар Томас Бар со резултат од 48 секунди 31 стотинка.

Инаку, турскиот атлетичар-репрезеттативец Јасмани Копело Ескобар на претходното Европско првенство во атлетика што се одржа во 2016 година во Амстердам на трката 400 метри со пречки го освои првото место и се закити со златен медал.

 



Слични вести