Бешикташ го победи австриски ЛАСК Линз со 1:0

Бешикташ во синоќешниот прв натпревар од третото квалификациско коло во УЕФА Европа Лигата извојува победа над австриски ЛАСК Линз со резултат од 1:0

Бешикташ го победи австриски ЛАСК Линз со 1:0

Турскиот претставник Бешикташ синоќа во првиот натпревар од третото квалификациско коло во УЕФА Европа Лигата го победи австриски ЛАСК Линз со резултат од 1:0.

На натпреварот што се одигра на стадионот Водафон Парк во Истанбул единствениот и победоносен гол за Бешикташ го постигна Рајан Бабел во 6-тата минута од натпреварот.

Во понатамошниот дел на мечот немаше друг гол и црно-белите извојуваа победа од 1:0.

Со овој резултат Бешикташ ја постигна својата трета победа едно по друго во европските купови.

Реванш натпреварот помеѓу Бешикташ и ЛАСК Линз ќе се одигра по една недела, на 16 август во четврток во Австрија. 

 

 



Слични вести