Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија

Финалниот меч на Светското првенство во Русија се игра во недела од 17 часот, а натпреварот за третото место во сабота, на 14 јули

Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија

Хрватската фудбалска репрезентација ќе игра во финалето на Светското првенство во Русија против Франција.

Хрватска и Англија во регуларниот тек на полуфиналниот меч, кој се играше на Арената „Лужники“ во Москва, играа нерешено 1:1. Англија поведе со голот на Трипијер во 5. минута, но Хрватска успеа да изедначи во 68. минута со голот на Перишиќ.

Репрезентацијата на Хрватска со голот на Манџукиќ, со асистенција на Першиќ, во 109 минута поведе со 2:1.

Фудбалерите на Хрватска до крјот на второто продолжение успеаја да ја задржат предноста и се пласираа во финалето на Мундијалот во Русија. 

Хрватска во финалето ќе игра против Франција, додека за третото место ќе се борат Белгија и Англија.

Финалниот меч на Светското првенство во Русија се игра во недела од 17 часот, а натпреварот за третото место во сабота, на 14 јули.



Слични вести