Фенербахче Догуш трети пат по ред шампион во Кошаркарската Супер Лига Тахинџиоглу

Фенербахче Догуш трети пат по ред и вкупно девет пати досега ја освои шампионската титула во Кошаркарската Супер Лига Тахинџиоглу

Фенербахче Догуш трети пат по ред шампион во Кошаркарската Супер Лига Тахинџиоглу

На петтиот натпревар од плеј-оф финалната серија во Кошаркарската Супер Лига Тахинџиоглу Фенербахче Догуш на свој терен го победи Тофаш со резултат од 94:64 со што финалната серија ја сведи на резултат од 4:1 и трети пат по ред ја освои шампионската титула.

На тој начин Фенербахче Догуш шампионската титула ја освои по девети пат досега.

Во последната четвртина од натпреварот навивачите почнаа да пеат шампионски песни и почнаа да ја слават победата уште пред да заврши натпреварот.

Жолто-лилјаковите навивачи одделно ги извикуваа имињата на сите кошаркари на Фенербахче, ги бодреа и им ракоплескаа.

Кон аплаузите и бодрењето на навивачите кои извикуваат „Жолти“ и „Лилјакови“ извесно време се приклучи и претседателот на Фенербахче Али Коч. 

 

 



Слични вести