Светското првенство во фудбал ќе започне со натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија

Натпреварот ќе го води аргентинскиот судија Нестор Питана

Светското првенство во фудбал ќе започне со натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија

Утрешниот натпревар во А групата ќе се одигра на стадионот Лужники во Москва во 18.00 часот според турско време и ќе се емитува во живо од страна на ТРТ 1.

Натпреварот ќе го води аргентинскиот судија Нестор Питана.

Помошници на Пистана ќе бидат Хуан Пабло Белати и Хернан Маидана.

Бразилскиот судија Сандро Ричи ќе биде 4-ти судија на натпреварот.

Судијата Нестор Питана е втор аргентински судија по Норберто Коереза кој двапати судеше на Светските првенства во 1970 и 1978 година.

Питана првпат беше судија на меѓународен натпревар во 2010 година, додека во 2014 година беше судија на четврт-финалниот натпревар меѓу Франција и Германија.

Останатиот натпревар во А групата меѓу Египет и Уругвај ќе се одигра на 15 јуни петок на стадионот Екатеринбург Арена во Екатеринбург.



Слични вести