Полска ја совлада Литванија со 4-0

Полска на Светското првенство во Русија се натпреварува во Х групата

2018-06-12T171923Z_912442822_RC16659EAAC0_RTRMADP_3_SOCCER-WORLDCUP-POL-LTU.JPG
2018-06-12T173440Z_640465026_RC112E9C4D60_RTRMADP_3_SOCCER-WORLDCUP-POL-LTU.JPG

Полска на последниот подготвителен натпревар пред Светското првенство во Русија ја совлада репрезентацијата на Литванија со 4-0.

Головите за Полска ги постигна Левандовски во 19 и 32 минута, така што првото полувреме заврши со 2-0.

Во 71 минута на местото на Левандовски влезе Давид Ковнацки кој разликата ја зголеми на 3, додека со голото на Блазциковски во 82-та минута, натпреварот заврши со резултат од 4-0.

Полска на Светското првенство во Русија се натпреварува во Х групата. Противници на Полска се Сенегал, Колумбија и Јапонија.



Слични вести