Турскиот боксер Шукру Алтај го победи својот српски противник и го освои шампионскиот појас

Турскиот боксер Шукру Алтај кој живее во Германија го победи својот српски противник Александар Јанковиќ со нокаут и го освои шампионскиот појас во категоријата лесно-тешка категорија

Турскиот боксер Шукру Алтај го победи својот српски противник и го освои шампионскиот појас

Турскиот боксер Шукру Алтај кој живее во Германија на мечот за шампионскиот појас во лесно-тешка категорија го победи својот српски противник со нокаут и го освои шампионскиот појас.

На мечот чиј организатор беше „Fightarena“ во салата Колбеншмит (Kolbenschmidt) со капацитет за 4.500 лица во германскиот град Хеилброн, играа 33 годишниот турски боксер  Шукру Алтај кој живее во Германија и кој нема доживеан пораз во својата професионална боксерска кариера и 35 годишниот српски боксер Александар Јанковиќ кој досега има излезено на 77 меча во својата професионална боксерска кариера.

Шукру Алтај на рингот излезе со песна рецитирана од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и со песната „Домбра“.

Во тој момент дојде до силни аплаузи и овации кај турските гледачи во салата. Потоа беше интонирана турската химна која беше испеана заедно на глас и од страна на турските гледачи.

Турскиот боксер Шукру Алтај го започна добро мечот против својот противник српскиот боксер Александар Алтај и во четвртата рунда од натпреварот го нокаутираше својот противник и го освои шампионскиот појас.

Инаку, турскиот боксер Шукру Алтај кој живее во Германија на 4 меча кои што ги одигра во последните две години ги победи своите противници со нокаут со што и со синоќешната победа бројот на добиените мечеви со нокаут во својата професионална боксерска кариера го зголеми на 5.

Нагласувајќи дека додека да излезе на овој меч се соочил со тешкотии, Шукру Алтај рече: „На два пати наеднаш го сменија мојот противник. Последниот ден повторно ми беше сменет противникот. Пред мене поставија посилен противник. Сакаа да ми ја отежнат работата, меѓутоа јас сум Турчин. Никој не може да го спречи нашиот пат.“

Осврнувајќи се и на своите цели во иднина Шукру Алтај рече: „Моите наредни цели се европскиот и светскиот шампионат. И поготово да го виорам нашето турско знаме насекаде во Европа и во светот.“ 

Инаку, турксиот боксер Шукру Алтај во изјавата што ја даде во април истакна дека доколку го освои шампионскиот појас сака да им го подари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на турските војници кои учествуваат во операцијата Маслиново гранче со која подрачјето на Африн во Сирија е исчистено од тероризмот. 



Слични вести