Утре свечено отворање на Зимските олимписки игри 2018

Свеченоста по повод отворањето на олимписките игри ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Пјонг Чанг со капацитет од 35.000 гледачи.

Утре свечено отворање на Зимските олимписки игри 2018

Утре во Пјонг Чанг Јужна Кореја на свечен начин ќе бидат отворени 23.Зимски олимписки игри.

Свеченоста по повод отворањето на олимписките игри ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Пјонг Чанг со капацитет од 35.000 гледачи.Церемонијата на отворањето ќе трае три часа а самите олимписки игри ќе траат до 25 февруари во недела.

Јужна Кореја инаку беше домаќин и на Летните олимписки игри 1988 година. Годинава таа стана домаќин и на Зимските олимписки игри оставајќи ги зад себе Анеси од Франција и Минхен од Германија.

Инаку градот Пјонг Чанг каде следните денови ќе гори олимпискиот оган од главниот град Сеул е оддалечен 130 километри, а од линијата која го дели Корејскиот полуостров е оддалечен само 96 километри.

 



Слични вести