ФИФА и ФИФПро потпишаа 6 годишен договор за соработка

Со договорот се предвидува ФИФПро да ја повлече тужбата што ја поднесе против ФИФА

ФИФА и ФИФПро потпишаа 6 годишен договор за соработка

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Меѓународното здружение на професионалните фудбалери (ФИФПро) потпишаа шест годишен договор за соработка.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ФИФА беше истакнато дека благодарение на соработката се предвидува подобрување на трансферниот систем, спречување на обидите за терање на фудбалерите да тренинг под притисок како и брзо решавање на споровите околу заостанатите долгови меѓу фудбалерите и клубовите.

Меѓудругото, благодарение на договорот се предвидува ФИФПро да ја повлече тужбата што ја поднесе против ФИФА во врска со трансферниот систем во 2015 година.

Во соопштението беше истакнато дека претседателот на ФИФА Џиани Инфантино рече дека денес е значајна пресвртница од аспект на развојот на управувањето со професионалниот фудбал. Со нетрпение ја очекувам соработката која што ќе се развие за разгледување на трансферниот систем, рече Инфантино.



Слични вести