Турската фудбалска репрезентација на лица со ампутирани екстремитети стана европски шампион

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по телефон им ја честиташе шампионската титула на репрезентативците

Турската фудбалска репрезентација на лица со ампутирани екстремитети стана европски шампион

Турската фудбалска репрезентација на лица со ампутирани екстремитети на финалниот натпревар на Европското првенство што се одржа под покровителство на Европската фудбалска федерација на лица со ампутирани екстремитети во Турција ја совлада репрезентацијата на Британија со резултат од 2-1.

Турските фудбалери со последната свирка на судијата не можеа да ги запрат солзите радосници на крајот на натпреварот.

Репрезентативците со турски знамиња во рацете ги поздравија гледачите на трибините и со овации пееја маршеви.

Златните медали и пехарот на репрезентативците им ги додели министерот за младина и спорт Осман Ашкин Бак.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по телефон им ја честиташе шампионската титула на репрезентативците кои го освоија Европското фудбалско првенство за лица со ампутирани екстремитети.



Слични вести