Денес Бешикташ ќе игра против Ред Бул Лајпциг

Фудбалерот Џенк Тосун рече дека сакаат да извојуваат победа

Денес Бешикташ ќе игра против Ред Бул Лајпциг

Во рамките на квалификационите натпревари на УЕФА Лигата на шампиони, денес турскиот фудбалски клуб Бешикташ ќе игра против германскиот противник Ред Бул Лајпциг.

Натпреварот ќе се одигра во 21.45 часот и ќе се емитува во живо на брановите на ТВ-канал  ТРТ 1.

Пред натпреварот, техничкиот селектор на Бешикташ Шенол Ѓунеш и голгетерот Џенк Тосун одржаа прес конференција.

Фудбалерот Џенк Тосун рече дека сакаат да извојуваат победа и да продолжат со лидерската позиција во групата, додека селекторот Ѓунеш рече дека сите екипи во групата се еднакви. Ќе биде тежок натпревар ама сакаме да победиме.

Техничкиот директор на Лајшциг Ралф Хасенхутл и голманот Петер Гулашчи пред натпреварот одговараа на прашањата на новинарите. Искусниот селектор рече дека се спремни за натпреварот со Бешикташ и дека г презеле сите мерки, додека Гулашчи рече дека од Истанбул сакаат да се вратат најмалку со еден бод.

 



Слични вести