Реал Мадрид ја освои титулата на Суперкупот на УЕФА

Натпреварот се одигра во Скопје на националната арена Филип Втори.

Реал Мадрид ја освои титулата на Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид го совлада Манчестер Јунајтед во натпреварот од Суперкупот на УЕФА на националната арена Филип Втори во Скопје сo конечен резултат 2:1, со што по четврти пат во својата клубска историја ја освои титулата на најдобар клуб во Европа.

Првиот гол го постигна Касемиро од Реал Мадрид во 24.минута од натпреварот.

Со голот на Иско во 52.минута од натпреварот Реал Мадрид ја зголеми разликата на 2 спрема 0.

Во 62.минута со голот на Лукаку од Манчестер Јунајтед резултатот се промени на 2 спрема 1, што беше и конечниот резултат од натпреварот.

Во 82. минута од натпреварот во игра влезе Кристијано Роналдо кого публикагта го поздрави со громогласен аплауз.

Поставувајќи ги конечните 2:1 Реал Мадрид ја освои четвртата титула од Суперкупот.

За играч на натпреварот е прогласен Иско, фубалерот на шпанскиот клуб.

Атмосферата на арената Филип Втори беше позитивна и навивачка, при што не беа забележани инциденти.



Слични вести