Фенербахче се пласира во плејоф рундата од квалификациите

Денес по извлекувањето на ждрепките во швајцарското гратче Нион ќе биде определен наредниот противник на Фенербахче

Фенербахче се пласира во плејоф рундата од квалификациите

Турскиот ФК Фенербахче на третиот елиминационен натпревар во УЕФА Лигата на Европа, на реванш натпреварот на домашен терен со австрискиот претставник Штурм Грац играше нерешено 1-1. Победата што ја извојува на првиот натпревар од 2-1 одигра голема улога во натамошното пласирање на Фенербахче во плејоф рундата на квалификациите.

Првото полувреме на натпреварот што се одигра на стадионот Улќер, Фенербахче го заврши со водство од 1-0. Наредниот противник на Фенербахче во плејоф рундата од квалификациите ќе се определи денес по извлекувањето на ждрепките во швајцарското гратче Нион. ФК Фенербахче на извлекувањето на ждрепките во 14.00 часот според турско време ќе учествува во својство на прва екипа.



Слични вести