Турција го совлада Косово со 4-1

Хрватска со 13 поени се наоѓа на врвот на групата

Турција го совлада Косово со 4-1

Турската фудбалска репрезентација на квалификациониот натпревар со репрезентацијата на Косово во И група за европските квалификации за Светското првенство на ФИФА 2018 во Русија извојува победа од 4-1.

На натпреварот што се одигра на стадионот Лоро Боричи во Скадар, турската репрезентација премина во водство со голот на Волкан Шен во 6-та минута.

Во 22-та минута, косовската репрезентација со голот на Рахмани го изедначи резултатот на 1-1.

Во 31-та минута турскиот фудбалер Џенгиз Ундер го постигна вториот гол за репрезентацијата и повторно премина во водство.

Во останатите минути на првото полувреме, двете репрезентации не постигнаа некоја позначајна гол шанса и заврши со водството на Турција од 2-1.

Во 61-та минута Турција со голот на Бурак Јилмаз го постигна третиот гол на натпреварот и разликата се зголеми на два гола.

Озан Туфан во 82-та минута го постигна четвртиот гол за турската репрезентација и на тој начин натпреварот заврши со резултат од 4-1.

Во И групата за квалификациите на Светското првенство 2018 беа одиграни уште два натпревари и беа постигнати следните резултати:

Финска – Украина 1:2

Исланд- Хрватска 1-0.

По овие резултати, Хрватска со 13 поени се наоѓа на врвот на групата.

Исланд со подобра гол разлика се наоѓа на второ место.

Турција со 11 поени се наоѓа на трето место, Украина на четврто. Финска со еден поен на петто, а Косово на последно место.



Слични вести