Дик Адвокат нов селектор на репрезентацијата на Холандија

Поранешниот холандски фудбалер Руд Гулит ќе биде помошник на Адвокат

Дик Адвокат нов селектор на репрезентацијата на Холандија

Холандската фудбалска федерација (КНВБ) на прес конференцијата што ја одржа во градот Зеист соопшти дека на местото на досегашниот селектор Дени Билд кој на должност стапи во јули 2015 и поради поразот што го доживеа Холандија на квалификациониот натпревар со Бугарија за Светското првенство на ФИФА во 2018 ќе премине Дик Адвокат.

Помошник на селекторот Адвокат кој од почетокот на сезоната се наоѓа на челото на турскиот ФК Фенербахче ќе биде поранешниот холандски фудбалер Руд Гулит.

Во меѓувреме се обелодени и состојбата на Адвокат во Фенербахче.

На прес конференцијата беше истакнато дека искусниот селектор кој има договор со Фенербахче до 31 мај 2017 година, кормилото на екипата ќе може да го напушти на 18 мај.

По реванш натпреварот на полуфиналните квалификации за Купот на Турција Зираат Банкаси, во случај Фенербахче на претстојниот натпревар на 17 мај среда против Медипол Башакшехир биде елиминиран, тогаш селекторот Адвокат ќе може веднаш да започне со должноста селектор на Холандската фудбалска репрезентација.

Во тој случај Адвокат нема да биде на челото на Фенербахче во претстојните последни три натпревари на Спор Тото Лигата на Турција.

Во случај Фенербахче се пласира во финалето на купот, тогаш Адвокат ќе го заврши предвидениот договор со Фенербахче и ќе остане до крајот на последниот натпревар во купот. Искусниот селектор откако ќе го одигра последниот финален натпревар во купот, ќе може да се врати во земјата и да премине на челото на холандската репрезентација.



Слични вести