Денес ќе се определат полуфиналистите на Европската лига на УЕФА

Вечерва во Истанбул Бешикташ ќе биде домаќин на Олимпик Лион

Денес ќе се определат полуфиналистите на Европската лига на УЕФА

Нашиот претставник Бешикташ на четвртфиналниот реванш натпревар ќе биде домаќин на француската екипа Олимпик Лион.

Црно-белата екипа на првиот натпревар беше поразен, поради што на денешниот натпревар ќе се бори за пласман.

Натпреварот ќе се емитува во живо од страна на ТРТ 1.

О друга страна пак УЕФА ја донесе одлуката во врска со натпреварот меѓу Олимпик Лион и Бешикташ на кој имаше инциденти.

Според одлуката на УЕФА; двата клуба остро беа предупредени и во случај да се повторат инцидентите, двата клуба Лион и Бешикташ ќе бидат казнети со по една година казна забрана за учество на европските првенства.

Одлуката ќе стапи на сила доколку во претстојните две години на натпреварите двата клуба се доживеат слични инциденти.

Техничкиот селектор на Бешикташ Шенол Ѓунеш остро ја критикуваше одлуката на УЕФА.

Искусниот селектор рече: УЕФА ни фрли гол. Ние знаеме да го извадиме тој гол.

Оваа казна од аспект на тајмингот и правдата е многу дискутабилна рече Шенол Ѓунеш и потенцираше дека казната претставува дел од едно сценарио.



Слични вести