Турската репрезентација во таеквондо во Словенија освои еден 6 медали од кои златен

На првенството во словенскиот град Марибор учествуваа 937 спортисти од 42 земји

Турската репрезентација во таеквондо во Словенија освои еден 6 медали од кои златен

Турската репрезентација во таеквондо на Отвореното првенство во Словенија освои еден 6 медали од кои златен.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Турската таекводно федерација, на првенството во словенскиот град Марибор на кое беа доделени и поени за претстојната олимпијада во Токио во 2020 учествуваа 937 спортисти од 42 земји.

Селекторот на таекводно репрезентацијата Али Шахин рече дека Турција на првенството беше претставена од страна на вкупно 10 репрезентативци од кои 5 беа машки 5 женски.

Репрезентативката Рукије Јилдирим во категоријата до 46 кг освои златен медал на првенството.

Репрезентативките Дурдане Алтунел во категоријата до 53 кг, Ирем Јаман до 62 кг, Нафиа Куш над 73 кг и Јунус Емре во категоријата до 80 кг мажи освоија сребрени медали.

Репрезентативецот Беркај Акјол во категоријата до 68 кг кој исто така излезе на татамито освои бронзен медал.



Слични вести