Нова табела на македонско - грчката граница

Натписот на новото име Република Северна Македонија на таблата е напишан на македонски и англиски јазик

Нова табела на македонско - грчката граница

На граничниот премин Богородица во Гевгелија поставена таблата со новото уставно име на државата „Република Северна Македонија“.

Со тоа започна официјално да се спроведува Преспанскиот договор со кој се предвидуваше промената на името.

Натписот на новото име Република Северна Македонија на таблата е напишан на македонски и англиски јазик и беше поставена на границата на Северна Македонија и Грција.

Скопје името на државата го промени и официјалната веб страница и гласи Северна Македонија.

Со стапувањето на сила на Преспанскиот договор во вторник, претставниците на власта почнаа со активностите за спроведување на обврските предвидени со договорот.

По тој повод Владата на Северна Македонија формираше работна група за координација меѓу министерствата.

По одобрувањето на Преспанскиот договор и протоколот за пристапување на Северна Македонија на 8 февруари од страна на Грција, Атина вербалната нота во врска со тоа и ја испрати на Скопје.

Овие одлуки дојдоа откако вчера Грција испрати вербална нота дека нејзиниот Парламент го ратификувал Договорот од Преспа и Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Како што соопшти Владата, по објавување во „Службен весник“ на уставните амандмани и Уставниот закон, со новото име на државата, Република Северна Македонија, граничните табли ќе се менуваат во рок од три дена, сообраќајните знаци на меѓународните патишта во земјата во рок од два месеци, регистарските таблички на возилата во рок од четири месеци, издавањето на новите пасоши ќе започне кон крајот на 2019 година, додека новите банкноти ќе бидат подготвени од почетокот на 2020 година.

Договорот од Преспа беше потпишан во јуни минатата година на грчката страна на Преспа меѓу владите на двете соседни земји, според кој Република Македонија го менува своето име во Република Северна Македонија.

Промената на името го реши спорот со Грција кој датира од прогласувањето на независноста на Македонија од поранешна Југославија во 1991 година. 

На 11 јануари оваа година, Собранието на Македонија со двотретинско мнозинство ги ратификуваше уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа, односно четири уставни амандмани, а потоа на 25 јануари со просто мнозинство Договорот беше ратификуван и во грчкиот Парламент.

Првиот амандман се однесува на актуелното име на Република Македонија, на кое ќе му се додаде придавката „Северна“, додека вториот амандман се однесува на измените во Преамбулата на Уставот, односно одлуките на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување) се дополнуваат со прогласувањето на АСНОМ и се додава Охридскиот договор како конститутивен елемент на државата. Третиот и четвртиот амандман се однесуваат на гаранциите за територијалните граници на Македонија, како и на грижата за македонските граѓани во дијаспората и пошироко.

На 8 февруари Грција го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, втората земја која го ратификуваше Протоколот беше Словенија, чиј Парламент го ратификуваше вчера. Останува Протоколот да биде потпишан и од страна на останатите 27 земји членки на НАТО, додека според најавеното, утре се очекува овој протокол да го ратификува и Собранието на Албанија.



Слични вести