Претседателот на Собранието на Македонија Џафери ги распиша претседателските избори за 21 април

„Во периодот кој доаѓа, Република Македонија ќе го полага тестот на капацитетот и зрелоста. Фер и демократски избори се еден од условите по кој ќе нè вреднуваат и оценуваат“ - рече претседателот на претседателот на Македонија Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Македонија Џафери ги распиша претседателските избори за 21 април

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска го потпиша решението за распишување на претседателските избори и предвремени локални избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

Првиот круг од изборите треба да се одржи на 21 април.

Веднаш по потпишувањето на решението, претседателот Талат Џафери даде изјава за медиуми.

 

„Пред малку ги потпишав решенијата за распишување на 6-тите претседателски избори и решението за распишување предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, општина Ново Село и општина Дебар; ова го направив согласно законската обврска што ја имам како претседател на Собранието. Изборите ќе се одржат на 21 април. Решението за распишување на изборите ќе биде доставена до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите”, рече Џафери. 

Секои нови избори се можност за надградба на добиената позитивна оценка од претходните истакна Џафери, додавајќи дека патот за НАТО и ЕУ е трасиран и дека 30-то столче во НАТО е на Македонија

„Во периодот кој доаѓа, Република Македонија ќе го полага тестот на капацитетот и зрелоста. Фер и демократски избори се еден од условите по кој ќе нè вреднуваат и оценуваат. Затоа ги повикувам сите учесници во престојната претседателска изборна трка, политичките партии и вас граѓаните да направиме максимални заложби Република Македонија да добие уште едни избори какви што ѝ доликуваат на европска, демократска држава заради остварување на стратешките евроатлантски аспирации на државата и заради доброто на граѓаните“, нагласи Џафери. 

Тој упати повик и до надлежните институции да направат сè, изборниот ден да помине во мирна и демократска атмосфера

 

                                                                                                                              (Anadolu Agency-AA)



Слични вести