Грчкиот Парламент го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Грчкиот Парламент со гласовите на 153 пратеници наспроти 140 против го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Грчкиот Парламент го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Грчкиот Парламент го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, што е и последна фаза во процесот на стапување во сила на Договорот од Преспа за спорот со името помеѓу двете соседни земји.

На гласањето во грчкиот Парламент составен од вкупно 300 пратеници учествуваа 294 пратеници од кои 153 гласаа за, додека 140 беа против.

Протоколот освен пратениците на владејачката СИРИЗА го поддржаа и пратениците на партијата Потами (Река), а против беа опозициската партија Нова демократија (НД) и поранешниот коалиционен партнер во владата партијата Независни Грци (АНЕЛ). 

Одлуката на грчкиот Парламент претставува последен чекор во процесот на стапување во сила на договорот за помена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија. 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот што го одржа пред пратениците им се заблагодари на пратениците кои имаат заслуга за да помине договорот и рече: „И покрај заканите и уцените верувам дека ја исполнивте вашата патриотска должност.“

Лидерот на Нова Демократија (НД) Кириакос Мицотакис пак, истакна дека со денешната одлука е ставена под хипотека иднината на земјата, застана во одбрана на тоа дека мнозинството од граѓаните се против овој договор и истиот го окарактеризира како „национален пораз“.



Слични вести