НАТО се подготвува за приемот на Македонија како своја 30'та членка

Македонија ќе биде поканета да учествува на состаноците на НАТО, а ќе биде примена во членство како 30'та членка на Сојузот откако ќе завршат и другите официјални процедури

nato.jpg
nato.jpg
Makedonya NATO'ya katılım protokolünü imzaladı.jpg
nato.jpg

НАТО, кое го потпиша пристапниот Протокол со Македонија, во рамки на својата политика на „отворени врати“ се проширува и се подготвува да ги отвори своите врати за 30-та членка на Алијансата.

Македонија, чиј пат за членство во НАТО ќе се отвори со името „Северна Македонија“ откако Протоколот за пристапување ќе се ратификува во парламентите на земјите членки на НАТО, пред сè ќе биде поканета да учествува на состаноците на Алијансата, а 30-та членка на НАТО ќе стане откако ќе завршат и другите официјални процедури, меѓу кои и Договорот од Преспа.

НАТО за својата политика на отворени врати бара некои критериуми, меѓу кои и една земја што сака да стане членка на НАТО, треба географски да се наоѓа во Европа, таа земја да биде администрирана со демократија, и да има капацитет и желба да придонесе во безбедноста на евроатлантската зона.

- НАТО беше формирано против политиките на Советскиот Сојуз

НАТО во април оваа година ќе одбележи 70 години од своето постоење. НАТО беше формирано со потпишување на Договорот од Вашингтон во 1949 година против рушењето и уништувањето предизвикано во европските земји во Втората светска војна, и против воената сила и експанзионистичка политика на Советскиот Сојуз.

НАТО ја опишува својата основна цел како осигурување на независноста и безбедноста на земјите членки преку воен и политички пат.

Елементот кој го прави НАТО значаен и посебен како воена алијанса се открива со 5-тиот член од Североатлантскиот договор, кој предвидува заедничка посветеност за одбрана. Овој член предвидува одбрана на сојузниците во случај на напад и мобилизирање во случај да се нападне дури и една членка, сметајќи го како напад врз сите членки.

Во историјата на Алијансата, 5. член беше спроведен само по терористичкиот напад на 11 септември во САД.

- НАТО има 29 земји членки

НАТО моментално има 29 земји членки. Во 1949 година, 12-те земји кои ја формираа Алијансата се САД, Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Британија.

Извесно време по формирањето на Алијансата, Турција и Грција во 1952 година станаа членки на НАТО. Проширувањето на НАТО продолжи со членството на Германија (1955), Шпанија (1982), Чешка, Унгарија и Полска (1999), Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија (2004), Албанија и Хрватска (2009), како и со членството на Црна Гора во 2017 година.

Покрај Македонија, исто така и Босна и Херцеговина, Грузија и Украина се земји кои сакаат да станат членки на НАТО и вршат напори во оваа насока.

НАТО има партнерство со бројни земји од Евроатлантскиот Регион, од регионот на Средоземното Море, и од Заливот.

Европската Унија (ЕУ), Обединетите нации (ОН) и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) се меѓу институциите и организациите со кои соработува НАТО.

- НАТО ги донесува одлуките едногласно

Одлуките на НАТО се донесуваат едногласно од страна на 29-те земји членки. Сојузниците секој ден вршат консултации и донесуваат одлуки во врска со безбедносните проблеми во различни области.

Секоја земја во главното седиште во Брисел врши активности преку постојаните претставништва под водство на еден амбасадор. Овој амбасадор во НАТО ги брани интересите на земјата која ја претставува, врши консултации, и игра клучна улога во механизмите за донесување одлуки.

Покрај дипломатските мисии, земјите вршат активности и со своите воени претставништва.

Во седиштето на НАТО, исто така, се наоѓаат централни работници. Под водство на генералниот секретар на НАТО, централните работници, како и претставниците на земјите членки, разменувајќи мислења и соработувајќи ги формираат одлуките на НАТО.

Во новото седиште на НАТО, кое почна да функционира минатата година, работат околу 4.000 лица. Новото седиште е изградено на површина од 254.000 метри квадратни, и е опремено со напредна технологија.

- НАТО еднаш во две години одржува самит

Самитите на НАТО се одржуваат еднаш во две години во некоја земја членка на Алијансата, на кои учествуваат претседателите на државите или владите на земјите членки на НАТО.

Од друга страна, министрите за надворешни работи на земјите членки се состануваат два пати годишно, додека министрите за одбрана се состануваат 4 пати годишно во Брисел. Состаноците на ниво на началници на генералштабовите на армиите на земјите членки на Алијансата се состануваат два пати во главното седиште, и еднаш во некоја земја членка.

Лидерите на НАТО минатата година се состанаа во Брисел, а овој декември се очекува да се состанат на Состанокот на претседатели на држави и влади на земјите членки на Алијансата, кој ќе се одржи во Лондон.

 

                                                                                                                            (Anadolu Agency-AA)



Слични вести