Потпишан протоколот за зачленување на Македонија во НАТО

Амбасадорите на 29 земји-членки на НАТО и македонскиот министер за одбрана Никола Димитров денеска во Брисел го потпишаа протоколот за зачленување на Македонија во Сојузот

nato.jpg
Makedonya NATO'ya katılım protokolünü imzaladı.jpg

Амбасадорите на 29 земји-членки на Северно-атлантската алијанса (НАТО) денеска во седиштето на организацијата во Брисел го потпишаа протоколот за зачленување на Македонија во Сојузот.

Во име на Македонија потпис на протоколот стави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Пред потпишувањето на протоколот, Димитров рече дека се чувствува историски привилегиран.

Генералниот скеретар на НАТО Јенс Столтенберг по чинот на потпишување на протоколот му го подари на Димитров пенкалото со кое амбасадорите на земјите-членки го ставија својот потпис на протоколот.

За започнување на членството на Македонија протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите земји членки на НАТО како и да се комплетираат одредени официјални процедури.

Во овој период, Македонија ќе биде поканета да учествува на состаноците на НАТО.

Од друга страна, согласно Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција во однос на промената на името на Македонија, со кој е надминат 28-годишниот спор, откако Протоколот за пристапување ќе биде потпишан од страна на Атина, а потоа ќе биде ратификуван и во грчкиот Парламент, името на Македонија официјално ќе се смени во Република Северна Македонија, .

НАТО на самитот што го одржа минатата година во Брисел испрати покана за членство на Македонија во Алијансата.

Генералниот скеретар на НАТО Јенс Столтенберг во говорот што го одржа пред церемонијата, потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија го окарактеризира како „историски момент“ и рече: „Долго чекавме за да се приклучите кон нашето семејство.“

Македонскиот министер за одбрана Никола Димитров пак им се заблагодари на македонскиот премиер Зоран Заев и на грчкиот премиер Алексис Ципрас за нивните заслуги во решавањето на 28-годишниот спор за името помеѓу двете земји.

 



Слични вести