Ципрас: „Турција и Грција треба да изградат однос кој ќе биде во корист на нашите народи и регионот“

Мојот однос со претседателот Ердоган се заснова на респект, искреност и отвореност

Ципрас: „Турција и Грција треба да изградат однос кој ќе биде во корист на нашите народи и регионот“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека Турција и Грција треба да изградат однос кој ќе биде во корист на нашите народи и регионот.

Пред претстојната посета на Турција планирана за 5 и 6 февруари, премиерот Ципрас во интервјуто за Агенцијата Анадолија (АА) одговараше на прашањата во врска со турско-грчките односи, бегалската криза и долгогодишното Кипарско прашање.

Ципрас се освран на значењето на напорите на Турција во врска со илегалните миграции и посебно подвлече на значењето на намалувањето на илегалните премини како и смртните случаи во Егејското море.

Во освртот на соработката во Транс-јадранскиот гасоводен проект (ТАП) и продолжувањето на Турскиот тек, Ципрас рече дека напредува соработката на тоа поле, а исто така напредуваат и преговорите во врска со железничката линија Истанбул-Солун, бродските патувања на релација Измир-Солун, проширување на граничниот премин Ипсала-Кипи.

Надоврзувајќи се на посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Грција на 7 и 8 декември 2018 на Грција, Ципрас рече дека Ердоган беше првиот турски претседател кој престојуваше во посета на Грција.

За преземање историски чекори во турско-грчките односи, треба да се формираат потребните услови. Турција и Грција треба да изградат однос кој ќе се заснова на меѓусебен респект, меѓународното право и ќе биде во корист на нашите народи и регионот.

Мојот однос со претседателот Ердоган се заснова на респект, искреност и отвореност. За изградбата на односите меѓу двете земји во 21 век потребни се постојани напори за зајакнување на меѓусебното пријателство.

Во пораката во врска со Кипарското прашање Ципрас рече дека треба да продолжиме доследно да ги спроведуваме резолуциите на СБ на ОН за изнаоѓање трајно и праведно решение. Единствено решение за постигнување решение е обединувањето на Кипар. Ова решение ќе обезбеди како Федералната Кипарска држава да стане нормална членка на ЕУ, така и членството да биде во корист на целиот Кипарски народ, без разлика на тоа дали станува збор за Кипарските Грци или Турци.

Турција со приемот на 4 милиони бегалци, влезе под голем товар. Овој настан треба да се согледа од страна на меѓународната заедница и ЕУ треба да направи се што е во нејзина можност за поддршка на соседната земја.

Реформите во врска со муслиманското малцинство во Грција претставува гаранција на Грција на граѓаните. Фрливме значајни чекори на структурирањето и функционалноста  на муфтилукот, како и едукацијата на тоа поле и ќе продолжиме да ги преземаме потребните чекори, рече Ципрас.



Слични вести