Во Скопје се одржа панел дискусија за надворешната политика на Турција кон Балканот

На панел дискусијата учествуваа претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен, амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, министерот без ресор во македонската влада Елвин Хасан и други гости

Во Скопје се одржа панел дискусија за надворешната политика на Турција кон Балканот

Во организација на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) и Институтот за стратегија и развој, вечерва во Скопје се одржа панел дискусија на тема „Надворешна политика на Република Турција кон Балканот и улогата на Дирекцијата за турската дијаспора".

На панел дискусијата учествуваа Абдуллах Ерен, претседател на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, Елвин Хасан, министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на Институтот за стратегија и развој, дипломати, пратеници, политичари, преставници на турските институции во Македонија и други гости.

Амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, потсетувајќи дека Турција има 500 годишно минато во овој регион истакна: „Нашата цел тука е пријателството помеѓу Македонија и Турција да продолжи со векови и да се развива повеќе.“

„Турција отсекогаш била пријател на Македонија“, рече Еркал Кара, додавајќи дека Турција без да прави разлики помеѓу етничките заедници, ги прифаќа сите етнички заедници како една целина, и на тој начин го покажува најдобриот пример на пријателство.

Амбасадорката Еркал Кара истакна дека Турција со лидерството на Реџеп Таип Ердоган, стандардите во однос на хуманитарната помош ги донесе на најнапредно ниво и додаде: „Во било која земја каде што е потребна помош, бидете сигурни дека Турција е секогаш покрај нив, особено ќе продолжи да помага на Балканот.”

Претседателот на Институтот за стратегија и развој, Кахвеџи, истакна дека институтот со кој раководи спроведува студии во економски, политички и социјален сектор.

„Нашата цел како институт, со седиште во Македонија е да придонесеме луѓето кои живеат во Румелија да живеат во попросперитетна и мирна средина”, нагласи Кахвеџи.

Абдуллах Ерен, претседател на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), во неговиот говор на панел дискусијата истакна дека Турција помеѓу 1992-2011 година во рамките на Министерството за образование реализираше програма за стипендии под името „Проектот големи стипендии“.

„Ние како YTB почнувајчќи од 2011 година, не само за земјите каде што живеат нашите сонародници, обезбедивме стипендии и за ученици од сите земји во светот“, нагласи Ерен.

Тој истакна дека во моментот во Турција има 130 илјади ученици, од нив 17 илјади се со стипендии на (YTB).

Нагласувајќи дека Турција со помош на ТИКА, Фондацијата Мариф и YTB надвор од Турција реализира разни активности, Ерен рече дека Турција е земја која се обидува да најде решение за сите проблеми.

Абдуллах Ерен осврнувајќи се на надворешната политика на Турција кон Балканот нагласи: „Доминацијата на Османлиската држава на овие простори, давањето значење на културната разновидност и водење политики кои ќе ја поддржат хармонијата на етничката и културната разновидност се елементи кои ја зајакнуваат раката на Турција, и ден денес на овие простори.”

Тој истакна дека Турција долго време се занимава со своите внатрешни проблеми и истакна: „Во овој период со големата храброст на политиката почнаа да се решаваат сите социо-политичките проблеми создадени во историјата на Републиката, притоа при решавањето на проблемите беше вклучена социјологијата. Тоа се случи во последните 16 години.“

Потсетувајќи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган, се обидува да се справи со сите проблеми на Турција, Ерен потенцираше: „Самодовербата и упорноста на Турција за решавање на своите внатрешни проблеми, беа клучни елемнти за зајакнување на турската надворешна политика.“

Нагласи дека Турција се обидува да покаже интерес и да спроведува конструктивни политики за Блискиот Исток и за Балканот.

„Турција во однос на Балканот секогаш се обидува да работи на два принципи. Еден од нив е регионална сопственост, а вториот е инклузивноста. Турција речиси со сите балкански земји воспостави подеднакви односи, притоа даде значење на инклузивноста и принципот вин-вин“, рече Ерен.

Абдуллах Ерен се осврна и на промената на името на Македонија и рече: „Кое име ќе го пишува во Уставот на Македонија, Турција ќе ја признае Македонија со тоа име и нашите односи ќе продолжат по тој пат.“

Тој исто така наведе дека Турција се обидува да води морална и јасна надворешна политика и нејзините приоритети се стабилноста на земјите каде што живеат сонародниците.

„Тоа го прави и во Сирија, во Ирак, и во балканската политика. Затоа, нема никаква разлика во нашата политика која ја водиме кон нашите сонародници“, нагласи претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен.

                                                                                                                                                                  (Anadolu Agency-AA)

 



Слични вести