Судири на протестот во Атина, во Грција поради Договорот со Македонија

Демонстрантите, кои се противат на Договорот од Преспа за решавање на „спорот со името“ потпишан помеѓу владите на Македонија и Грција, се собраа на плоштадот „Синтагма“ во центарот на Атина

yunanistan'da gösteri.jpg
Yunanistan'da Makedonya protestosu 1.jpg
Yunanistan'da Makedonya protestosu 2.jpg
Yunanistan'da Makedonya protestosu 3.jpg
Yunanistan'da Makedonya protestosu 4.jpg

Во главниот град на Грција, Атина, десетици илјади лица протестираа против потпишаниот Договор за „спорот со името“ со Македонија, при што дојде и до судири помеѓу полицијата и демонстрантите.

Демонстрантите, кои се противат на Договорот од Преспа за решавање на „спорот со името“ потпишан помеѓу владите на Македонија и Грција, се собраа на плоштадот „Синтагма“ во центарот на Атина.

Илјадници лица во главниот град Атина дојдоа со автобуси од различни делови на Грција. На протестот поддржан и од грчката црква учествуваа и голем број свештеници.

Демонстрантите со грчки знамиња во своите раце извикуваа  слогани „Македонија е Грчка, тргнете ги рацете од Македонија“.

Додека траеја излагањата, група демонстранти пред грчкиот Парламент фрлија молотов коктел и камења врз полицајците кои беа задолжени за безбедноста пред зградата.

Единиците на грчките полициски сили за брза интервенција пак, против овие лица употребија солзавец и звучни бомби.

За време на интервенцијата на полицијата за кусо време дојде до паника, а некои од демонстрантите кои беа подложени на влијанието на употребениот солзавец  се разбегаа по околните споредни улици.

Поддршка на протестот дадоа и голем број лица членови на главната опозициска партија Нова демократија (НД) и на партијата Независни Грци (АНЕЛ) која поради постигнатиот договорот „за спорот со името“ со Македонија ја напушти владата.

Така на протестот, освен поранешниот премиер на Грција Антонис Самарас, учествуваа и голем број групи, членови на екстремно десничарската Златна зора.

Како што беше соопштено на протестот за време на кој беа спроведени засилени безбедносни мерки, учествуваа околу 60 илјади лица.

За време на протестот, над 2 илјади полицајци се грижеа за безбедноста во различни места низ Атина, додека со полициски автобуси уште во раните утрински часови, (во недела наутро) беа затворени за влегување и излегување голем број улици кои што водат кон центарот на главниот град.

Од друга страна, на едно друго место во близина на центарот на Атина, беше одржан антипротест и од страна на анархистичките и левичарските групи.

Инаку, досега голем број земји на чело со Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, додека Грција под изговор дека во нејзините граници постои регион под името „Македонија“ бараше од оваа земја да го промени своето име.

Македонија поради проблемот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција од 1991 година кога ја прогласи својата независност, не може да стане членка на ЕУ и НАТО.

Македонија е примена во членство во Обединетите нации (ОН) во април во 1993 година со што беше и меѓународно призната, меѓутоа поради приговорот на нејзиниот јужен сосед Грција е примена во членство под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ или FYROM). 

На крајот на преговорите кои што беа интензивирани по формирањето на новата влада во Макеоднија во 2017 година, грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев на 17 јуни 2018 година го потпишаа Договорот од Преспа со кој се предвидува името на земјата (Република Македонија) да се промени во „Северна Република Македонија“.

Меѓутоа, грчката влада се соочува со тешкотии во убедувањето на некои опозициски партии и значаен дел од општеството кои се противат изразот т.ј. името „Македонија“ да се употребува на било кој начин од страна на соседната земја.

Еден дел од грчкиот народ пак застанува во одбран на тоа дека проблемот не се однесува само на името, туку дека е поврзан и со историјата и културата, поради што ја обвинува управата во Скопје дека се обидува да го украде „македонскиот идентитет“.

Наследството на Александар Велики, како македонски крал во античкиот период, се оценува како сфера на значајна конкуренција помеѓу двете земји.

Грчката влада на чело со Алексис Ципрас пак, застанува во одбрана на тоа дека решавањето на проблемот кој што продолжува веќе четвртина век ќе биде во услуга на интересите на двете земји.

Според спроведените анкети пак, мнозинството од грчкиот народ се спротивставува на користењето на името „Македонија“ од страна на нивните северни соседи.

Владината коалиција во Грција заврши со повлекување на лидерот на партијата Независни Грци (АНЕЛ) Панос Каменос поднесе оставка на функцијата министер за одбрана Панос Каменос и ја напушти владата.

Потоа премиерот Алексис Ципрас побара доверба од Парламентот при што на гласањето што се одржа „преживеа“ доверба со само еден глас повеќе од неопходните, добивајќи притоа поддршка од пратениците од различни партии.

Грчката Влада идната недела се очекува да го постави на гласање отпишаниот Договор од Преспа за „спорот со името“ со Македонија.

На крајот, откако Македонија и Грција целосно ќе ги исполнат своите обврски кои што произлегуваат од Преспанскиот договор, се очекува Македонија со нејзиното ново официјално име „Република Северна Македонија“ да стане 30'сета членка на НАТО.

 



Слични вести