Средба во Скопје на дипломирани студенти од Македонија во Турција

Синоќа во Скопје во организација на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) и Здружението на дипломирани студенти од Македонија во Турција, се одржа средба на дипломираните студенти од Македонија во Турција

Средба во Скопје на дипломирани студенти од Македонија во Турција

Во организација на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) и Здружението на дипломирани студенти од Македонија во Турција, вечерва во Скопје, се одржа средба на дипломираните студенти во Турција.

На средбата учествуваа Абдуллах Ерен, претседател на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми, Елвин Хасан, министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, министерот за дијаспора Едмонд Адеми, претседателите на турските поолитички партии во Македонија, пратеници, преставници на турските институции во Македонија и дипломирани студенти.

Програмата започна со интонирање на химните на Турција и Македонија.

Абдуллах Ерен, претседател на претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) во својот говор истакна дека како YTB во повеќе од 160 земји во светот обезбедуваат стипендии за 17.500 студенти.

Еран потсети дека во рамките на проектот „Многу студенти" што го води Турција од 1992 година до денес дипломирале 150 илјади студенти речиси од сите земји во светот. Тој исто така нагласи дека некои географски места за каде што се обезбедуваат стипендии за Турција и YTB се од посебно значење.

Абдуллах Ерен на вечерашната средба потсети дека стипендистите од Турција денес се наоѓаат на врвни места во политичката сфера, бирократијата и граѓанското општество во Македонија, а тоа пак за нив преставува голема чест.

„Моментално зборуваме за илјадници студенти од Македонија кои дипломираа во нашата земја", истакна Ерен. Тој рече дека од моментот кога Македонија се стекна со независност Турција ја отвори првата амбасада во земјата и е една од земјите која најмногу ја поддржува Македонија.

„Ве молам да придонесете за развојот на односите меѓу Македонија и Турција", рече Ерен во обраќајќи им се на дипломираните студенти.

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен додаде дека од идната година квотата за стипендии што ја доделуваат за Македонија ќе  биде зголемена.

Абасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, рече се задоволни од древното пријателството помеѓу Турција и Македонија, кое што произлегува од историската и културната основа и кое од ден во ден се повеќе се продлабочува.

Таа исто така истакна дека за да се одржи и повеќе да се зацврсти древното пријателство меѓу Турција и Македонија дипломците од Турција имаат голем удел.

„Знаењето што го стекнавте во Турција, ќе даде можност да дадете значаен придонес на оваа убава земја и ќе игра голема улога Македонија да постигне попросперитетно ниво", рече амбасадорката Еркал Кара.

Елвин Хасан, министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, истакна дека Турција е голема земја, и дека од прогласувањето на независноста на Македонија ја даде својата поддршка во континуитет и тоа во најтешките денови на земјата. Тој нагласи дека Турција работела одговорно и вложила голем труд за воспоставување добри односи со Македонија.

Поддршката на граѓаните на Македонија со стипендии од Турција, според Елвин Хасан, значи вредност која и се додава на Македонија.

„Стотици наши млади луѓе имаа можност да студираат на свој мајчин јазик на квалитетните универзитети на Турција кои се натпреваруваат во однос на квалитетот со другите светски универзитет", додаде Хасан.

Министерот за култура Асаф Адеми, во својот говор рече дека за него е голема чест и задоволство да учествува на вечерашната средба.

Тој истакнувајќи го задоволството од духот на пријателството и традицијата меѓу Македонија и Турција кое трае со години истакна: „Ова треба постојано да се зајакнува и наша должност е да го пренесеме на другите генереции".

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми, истакна дека дијаспората генерално, како и онаа на Република Турција и онаа по потекло од Република Македонија, се важни сегменти на општествениот, политичкиот и економскиот развој на двете земји.

Република Македонија има голема дијаспора која живее и работи во Република Турција и таа е важен мост за соработка меѓу двете држави и двата народа. Подеднаков важен мост за соработка се и овие студенти што се вечерва овде", нагласи Адеми.

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен во рамките на посетата на Македонија имаше средби со министри од Владата на Македонија, лидерите на турските политички партии и преставниците на турските невладини организации.

 

                                                                                                                           (Anadolu Agency-AA)

 

 



Слични вести