Владата на Ципрас преживеа доверба во Парламентот со само еден глас повеќе од потребните

На гласањето во грчкиот Парламент составен од вкупно 300 пратеници, владата на премиерот Алексис Ципрас доби еден глас повеќе од половината и со 151 глас „за“ доби доверба, додека 148 пратеници гласаа „против“, а еден беше воздржан

Владата на Ципрас преживеа доверба во Парламентот со само еден глас повеќе од потребните

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас макар и со еден глас повеќе од потребното мнозинство, т.ј. еден глас повеќе од половината, успеа да добие доверба од Парламентот.

По напуштањето на коалициониот партнер во владата синоќа во грчкиот Парламент се одржа гласање за доверба на владата на СИРИЗА на премиерот Ципрас.

На гласањето во  Парламентот кој брои вкупно 300 пратеници, владата на премиерот Алексис Ципрас доби еден глас повеќе од половината и со 151 глас „за“ доби доверба, додека 148 пратеници гласаа „против“, а еден беше воздржан.

Владата на Ципрас освен гласовите на 145'те пратеници на својата партија СИРИЗА ја доби поддршката и на уште четворица пратеници на партијата „Независни Грци“ (АНЕЛ) која ја напушти коалиционата владата, како и на еден независен пратеник и еден пратеник на партијата Потами од централната десница.

Лидерот на партијата „Независни Грци“ (АНЕЛ) Панос Каменос поднесе оставка на функцијата министер за одбрана и ја напшушти коалиционата влада изнесувајќи го притоа како причина постигнатиот договор „за спорот со името“ со Македонија, по што премиерот Алексис Ципрас упати повик за гласање доверба во Парламентот.

Најзначајно прашање кое што стои пред Ципрас чија влада ќе остане на власт до октомври 2019 година кога и му истекува мандатот, е Преспанскиот договор за решавање на „спорот со името“ со северниот сосед Македонија. 

По изгласувањето на уставните измени во Собранието на Република Македонија, постигнатиот договор од Преспа треба да биде одобрен и од страна на грчкиот Парламент.

Согласно изгласаните уставни измени во Собрнаието на Македонија, пак чие име се менува во „Република Северна Македонија“, се очекува Грција да го крене ветото кое што го поставува долги години пред зачленувањето на Македонија во Европската унија (ЕУ) и НАТО.

Инаку, досега голем број земји на чело со Турција ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име „Република Македонија“, додека Грција под изговор дека во нејзините граници постои регион под името „Македонија“ бараше од оваа земја да го промени своето име.

Македонија поради проблемот со името кој што продолжува со нејзиниот јужен сосед Грција од 1991 година кога ја прогласи својата независност, не може да стане членка на Европската унија (ЕУ) и Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Македонија е примена во членство во Обединетите нации (ОН) во април во 1993 година со што беше и меѓународно призната, меѓутоа поради приговорот на нејзиниот јужен сосед Грција е примена во членство под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ или FYROM). 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев на одржаните прес-конференции во своите земји на 12 јуни 2018 година соопштија дека на крајот од преговорите се договориле за името „Северна Република Македонија“, по што со учество на владините претставници на двете земји на 17 јуни 2018 година беше потпишан Договорот од Преспа.

Потоа, Собранието на Република Македонија во петокот ги усвои уставните измени, со кои по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија. По усвојувањето на договорот од Преспа во Собранието во Македонија, потребно е тој да биде одобрен и во Парламентот на Грција.

И конечно, откако Македонија и Грција целосно ќе ги исполнат своите обврски кои што произлегуваат од Преспанскиот договор, се очекува Македонија со нејзиното ново официјално име „Република Северна Македонија“ да стане 30'сета членка на НАТО.

 

 



Слични вести