Никола Димитров се состана со министерот за национална одбрана Хулуси Акар

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров се состана со министерот за национална одбрана Хулуси Акар во неговата канцеларија во Анкара

Dimitrov Hulusi Akar.jpg
Dimitrov Hulusi Akar 1.jpg

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров кој престојува во  работна посета на Турција во рамките на своите средби и разговори во Анкара се состана и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Средбата се одржа во канцеларијата на министерот Акар во министерството за национална одбрана и беше затворена за медиумите.

Како што се дознава гостинскиот министер Никола Димитров и домаќинот министерот за национална одбрана Хулуси Акар разговарале за поддршката на Турција на членството на Република Македонија во НАТО.

Освен тоа на средбата станало збор и за подготвеноста подготвеноста на Турција за конкретна поддршка кога се во прашање осовременувањето на вооружените сили на Република Македонија, помош во опрема и обука на македонските војници и старешини, како и подготовки во оперативна и воено-техничка подготвеност според стандардите на НАТО.



Слични вести