Чавушоглу: ФЕТО вложува обиди да ги затруе нашите односи со Македонија

Чавушоглу на денешната заедничка прес-конференција со својот македонски колега Димитров рече: „Никогаш нема да ја заборавиме поддршката на Македонија, по обидот за државен удар. Меѓутоа, ФЕТО вложува обиди да ги затруе нашите односи со Македонија

Чавушоглу: ФЕТО вложува обиди да ги затруе нашите односи со Македонија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се состана со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров кој престојува во работна посета на Турција.

Двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Димитров, по средбата лице в лице одржаа заедничка прес-конференција во Анкара.

Министерот Мевлут Чавушоглу во своето излагање се осврна на билатералните односи помеѓу Турција и Македонија.

Тој рече: „Нашето пријателство со Македонија датира со векови и имаме силни врски. Независно од политичките односи, имаме силни врски. Но би сакал да истакнам дека и нашите политички односи се исто така одлични. Ние сме земја која уште од самиот почеток Македонија ја признавме под нејзиното уставно име. Во документацијата на НАТО има една фуснота во која се вели 'Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име'.“

Чавушоглу истакна дека стабилноста на Македонија е важна за целиот Балкан и продолжи со зборовите: „Турција има многу добри односи со Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и со сите земји од регионот, бидејќи Турција ѝ придава големо значење на стабилноста на регионот. Таа дава поддршка и за економски развој. Овој регион не го гледа како простор за натпревар.“

Чавушоглу ја сподели информацијата дека минатата година трговската размена меѓу двете земји изнесуваше околу 500 милиони долари и напомена дека е поставена цел во 2019 година да се постигне трговска размена од една милијарда долари, додавајќи дека постои потенцијал за тоа. 

Чавушоглу подвлече дека турските компании во Македонија инвестираа 1,2 милијарди долари и во периодот што следи, формирајќи мешовити економски комисии и поефикасно користење на постоечките механизми, како што се работни форуми, се планира зголемување на заедничката трговска размена.

Министерот Чавушоглу истакна дека се изнајдени патишта за соработка на двете министерства на полето на образованието и културата, како и проширување на постоечките врски во сферата на одбранбената индустрија и на други полиња.

Правејќи проценка на регионалниот развој на настаните, Чавушоглу рече: „Многу е важна соработката на полето на безбедноста. Никогаш нема да ја заборавиме поддршката што Македонија и ја даде на Турција по обидот за државен удар. Меѓутоа, денеска, како и на сите други места, ФЕТО вложува обиди да ги затруе нашите односи со Македонија. Постојат лица кои сакаме да бидат испорачани во Турција. Денеска уште еднаш на мојот пријател Димитров му ја предадов листата со овие лица. Согласни сме да ја продолжиме нашата соработка меѓу релевантните оддели. И ние, како министри за надворешни работи, ќе продолжиме да им даваме поддршка на нашите министерства и оддели. Безбедноста на Турција, е важна за Македонија и Балканот. Безбедноста и стабилноста на Македонија, многу се важни за Турција и Балканот“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглуи македoнскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, пред прес-конференцијата  го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

 



Слични вести