Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во посета на Анкара

На средбите и разговорите во Анкара ќе стане збор за голем број теми како што се зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на взаемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во посета на Анкара

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров од 16 јануари, денеска, до 18 јануари, петок, ќе престојува во работна посета на Турција.

За време на оваа негова посета Димитров во Анкара ќе се состане со својот колега министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На средбите и разговорите ќе стане збор за голем број теми како што се зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на взаемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања.

Во рамките на посетата се очекува двајцата шефови на дипломатии Никола Димитров и Мевлут Чавушоглу да го потпишат и Меморандумот за соработка помеѓу двете министерствата за надворешни работи во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

Според добиени информации, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во рамките на своите средби и разговори во Анкара се предвидува да се состане и со други високи турски функционери меѓу кои и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар, а ќе го посети и Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести