Албанија и Косово изразија задоволство од усвоените уставни измени во Собранието на Македонија

Албанија и Косово изразија задоволство од усвојувањето на уставните измени во Собранието на Македонија, кои произлегуваат од постигнатиот Преспански договор помеѓу властите во Атина и Скопје

Makedonya Anayasa isim değişikliği onayı.jpg
Makedonya Meclisi İsim Değişikliğini Onayladı 2.jpg

Политичките лидери на Албанија и Косово го поздравија усвојувањето на уставните измени во Собранието на Македонија, кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Претседателот на Косово Хашим Тачи наведе дека за Собранието на Македонија покажа храброст, визија и висока свест, гласајќи за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор.

„Нивната одлука не беше лесна ниту популарна, но беше исправна одлука, која ги надминува партиските интереси за државата и граѓаните", напиша Тачи на својот Фејсбук профил.

Република Македонија или Северна Македонија како сега ќе се вика, направи голем чекор напред, отворајќи перспектива за политичка стабилност, продолжување на реформи и интеграција на земјата во северноатланските институции, за да се обезбеди подобар живот на младите граѓани и на младите генерации", истакна Тачи.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај го поздрави гласањето на уставите измени во Собранието на Македонија. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека тоа е голем чекор на патот кон евроатланските интеграции на соседната земја.

„Овој значаен настан во новата историја на Западен Балкан претставува надеж дека регионот ќе тргне кон постојан мир. Му честитам на својот колега Зоран Заев на прозападната визија и на Албанците во Македонија на клучната улога во овие промени", наведе Харадинај.

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, им честиташе на колегите од Скопје на историското гласање со кое е ратификуван Преспанскиот договор.

Весели на својот Фејсбук профил напиша дека со оваа одлука на Собранието е одблокиран патот на интеграции на „нашата пријателска земја и забрзано зачленување во НАТО и во ЕУ, не само на Македонија туку на целиот наш регион".

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, на социјалните мрежи напиша дека за овој процес придонесот на албанските политички партии се покажа како одлучувачки фактор.

„Гласањето на Преспанскиот договор во Собранието е јасна демонстрација на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанските политички партии уште еднаш се покажа како одлучувачки фактор", напиша Бушати.

Лидерот на опозицијата во Албанија и претседателот на Демократската партија (ПД), Љулзим Баша истакна дека гласањето во Собранието претставува историски чекор за консолидација на регионот како дел од евроатлантското семејство.

Потсетуваме, со 81 глас „за" и ниту еден „против" и „воздржан" Собранието на Република Македонија ги усвои уставните измени, со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор).

  

                                                                                                                          (Anadolu Agency-AA)



Слични вести